Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Сарај

23

Граѓаните од неколку скопски општини и тоа делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Сарај, денеска ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, во петок без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од ул. Женевска (од бр. 23 до бр. 27) и ул. Хашка (општина Карпош), од 09.00 до 12.30 часот корисниците од ул. Езерци (Карпош), од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците од село Шишево (Сарај), од 09.30 до 15.30 часот, корисниците на дел во центарот на населба Волково, дел од ул. 27, од ул. 98, од ул. 101, ул. 103, ул. 25, ул. 100 и дел од ул. 29 (Ѓорче Петров), од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Семениште (Сарај), од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди број 151 (Карпош), од 12.00 до 15.30 часот, корисниците од ул. Николај Островски, ул. Пеане (Ѓорче Петров), од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од бул.АСНОМ број 44, 46 и 74 (Аеродром).