Безбедносен систем предупредува “зомбиа со паметни телефони“

26

Фото: Pixabay

Град во Јужна Кореја, што има највисока стапка на користење паметни телефони во светот, инсталира светла и ласерски зраци на патот за да ги предупредат таканаречените “зомбиа со паметни телефони“ да внимаваат, а возачите да ја намалат брзината, со цел да се намали бројот на несреќи, пишува Reuters.

Зад дизајнот на овој систем стои Државниот институт за цивилно инженерство и технологија на Јужна Кореја. Оттаму сметаат дека овој систем, што сигнализира на пешачките премини, може да биде ефикасно средство за предупредува и за пешаците, но и за возачите.

“Со црвено, жолто и сино LED светло на тротоарите, ќе бидат предупредувани овие ’зомбиа со паметни телефони’. Исто така, со ласерски зрак и предупредување испратени на нивните мобилни уреди преку апликација, ќе бидат известени дека се влезени во сообраќај… Загрижува зголемениот број на несреќи што се случуваат на овие таканаречени ’зомбиа’, па затоа овие знаци за предупредување се од суштинско значење за да се намали бројот на сообраќајни несреќи“, вели Ким Јонг Хун, од Државниот институт.

Во тест, што опфати околу 1.000 возила, овој систем покажа 83,4% ефикасност. Во 2017 година, над 1.600 пешаци загинаа во сообраќајни несреќи, што е околу 40% од вкупниот број на сообраќајќи во земјата.