Безбедносните технологии ќе ги згаснат мануелните менувачи

55

Сè поголемиот напредок на безбедносните технологии во автомобилската индустрија би можел да го забрза процесот на замирање на мануелните менувачи.

Според извештајот на Automotive News Canada, напредокот на безбедносната технологија која се вградува кај новите автомобили ќе го забрза процесот на целосно елиминирање на мануелните менувачи. Конкретно, најголем “непријател“ на мануелците е автоматската сопирачка технологија, заедно со другите активни безбедносни карактеристики, бидејќи истите немаат исти перформанси како што е случајот кога автомобилите имаат автоматски менувачи.

Со сè поголемото ширење на електричните возила, кои се со автоматски менувачи, како и хибридите кои поседуваат класични автоматски или CVT менувачи, автомобилите кои се опремени со мануелна трансмисија сочинуваат мал процент од продажбата во Северна Америка, но и во Европа нивниот удел на пазарот се намалува. Еден од од силните адути веќе подолго време е помалата потрошувачка на гориво со рачниот менувач, но со модерните автоматици и таа разлика се намалува.

Но, и покрај ова, голем број производители се истрајни во понудата да ги нудат мануелните менувачи. Сепак, во извештајот се истакнува дека прашање е колку долго овие производители ќе продолжат да нудат ваков тип на трансмисија кога AEB системите ќе бидат задолжителни. Едноставно, составот за автоматско сопирање во случај на потреба многу поедноставно функционира со автоматските менувачи.

Опаѓа интересот за мануелците на глобално ниво

Втор важен фактор секако се енергетските извори. Освен BYD, кој ги опремува некои свои ЕВ со мануелен менувач, останатите се одлучуваат за автоматската трансмисија. Истото се однесува и за хибридите.

Јорг Трамплер, директорот за електрифицираната погонска технологија во северноамериканскиот инженерски центар на ZF истакнува дека вградувањето на мануелните менувачи со хибриден погон бара дополнителна технологија, како што е електронската спојка, која е потребна за лесно преминување од мотор на внатрешно согорување на електрична енергија.

Поради сето ова, се чини како неизбежно поголем број производители ќе се одлучат да ги укинат мануелните менувачи. Ова станува особено евидентно со најновата статистика од IHS Markit и ZF Group која покажува дека глобалниот пазар на мануелни менувачи е опаднат на 17,1 процент, а во Северна Америка е само 1,2 проценти.

Преземено од Avtoplus.mk