Безос го шири бизнисот во Ирска и отвора нови 1.000 работни позиции

120

Компанијата Amazon најави дека во Ирска, во следните две години ќе отвори компјутерски центар, во кој ќе се вработат 1.000 луѓе, со што бројот на вработени во компанијата во земјата ќе се искачи на 5.000 лица.

Новите позиции ќе вклучуваат различни инженерски и специјализирани работни места. Исто така, се создаваат позиции за управување со технологија и високи раководни позиции во веб-услугите на Amazon и Amazon Web Services. Покрај тоа, технолошкиот гигант ќе го отвори својот нов кампус во 2022-ра година.

“Гледаме раст на побарувачката за услуги во облак во Ирска и во целиот свет и ние сме среќни што додаваме илјадници високо квалификувани работни места за да можеме да продолжиме да им помагаме на нашите клиенти да ги иновираат, особено во ова тешко време и да работиме со градење силна дигитална економија во иднина“, рече Мајк Бури, локален менаџер на компанијата Amazon Web Services.

Компјутерскиот центар на Amazon ќе биде лоциран во Даблин. Компанијата е присутна во Ирска повеќе од 15 години.

Во Ирска корпоративниот данок е 12,5%, што е втор најнизок данок во Европската Унија и помага во привлекување на американските мултинационални корпорации како Facebook, Google и Тwitter.

Во оваа земја околу 250.000 луѓе работат во странски компании.

Фото: Freepik