Безос инвестира во Југоисточна Азија

38

Основачот на Амазон, Џеф Безос учествуваше во вториот круг на финансирање на индонезискиот стартап Ula, вреден вкупно 87 милиони долари, што ја означи неговата прва инвестиција во областа на електронската трговија во Југоисточна Азија.

Bezos Expeditions, групацијата Northstar, AC Ventures и Citius се приклучија на инвестицискиот круг ко-предводен од Prosus Ventures, Tencent и B-Capital, се вели во соопштението на платформата за е-трговија Ula. Претходно собраните средства вклучуваа 10,5 милиони американски долари во јуни 2020 година и дополнителни 20 милиони долари во јануари оваа година.

Стартапот, кој нуди технолошки решенија за малите трговци, се обидува да ја прошири својата база за да вклучи повеќе градови во најголемата економија во Југоисточна Азија, истовремено истражувајќи експанзија во странство и развивајќи понуда „купи сега плати подоцна“, како и изградба на локална логистичка инфраструктура за трговски синџири.

Ula го назначи Панду Сјахир за советник. Сјахрир има комесарски позиции на Индонезиската берза, во популарната национална апликација за закажување услуги за личен транспорт Gojek, како и во локалната подружница на сингапурската компанија Sea Ltd., која е сопственик на големата компанија Shopee и гејмерската компанија Garena.

Во моментов, Ula нуди повеќе од 6.000 различни производи и претставува околу 70.000 традиционални физички индонезиски продавници преку својата мрежа.