БХ Телеком прва според добивката, втора по инвестиции во 2012

52

БХ Телеком, најголемиот од трите оператори во Босна и Херцеговина, 2012 година ќе ја заврши со приход од 313 милиони евра и добивка од 75,5 милиони евра.

“Со овие резултати, БХ Телеком е прва по добивка, а втора по инвестиции во 2012 година. Во 2013 година, без разлика на постоечката криза, компанијата очекува зголемување на бројот на корисници, па со тоа и на добивката”, изјави директорот Неџад Решидбеговиќ.

БХ Телеком има преку 550.000 претплатници во фиксна и околу 1,5 милиони во мобилната телефонија. Во 2012 година оваа компанија реализираше инвестиции во инфраструктура во вредност од 56 милиони евра, а исто толкав износ ќе им исплати на своите акционери преку дивиденди.

Покрај БХ Телеком, во БиХ работат и M:tel во сопственост на Телеком Србија и ХТ Еронет со седиште во Мостар.