Би купиле ли мебел од second hand продавница?

32

Шведскиот бренд, Ikea до крајот на годината во својата матична земја ќе ја отвори првата продавница за половен мебел, соопшти компанијата којашто планира до 2030 година да биде целосно циркуларна.

Продавницата, како што се наведува, ќе биде во рамки на првиот second hand трговски центар ReTurn.

Ikea претходно најави дека ќе почне да изнајмува и рециклира мебел во рамки на својата еколошка кампања како одговор на критиките дека произведува евтин мебел со голема потрошувачка на енергија и создава огромни количини отпад.

Настојувањата на познатиот шведски бренд е до 2030 година да го намали своето негативно влијание врз животната средина.

Фото: Pixabay