Ikea ја менува стратегијата – ќе изнајмува мебел

97

Фото: Facebook

Шведскиот производител на мебел, Ikea започнува со сосема нова стратегија што повеќе не се темели само на продажба на мебелот, туку и на негово изнајмување, пишува Financial Times.

Компанијата овој месец започнува со процес на позајмување на мебелот, а за таа цел е избран швајцарскиот пазар. Оваа услуга би можела да се однесува на било каков мебел, но за почеток предмет на изнајмување ќе биде канцелариски мебел.

“Ќе соработуваме со партнери за да може да изнајмат мебел. Кога ќе истече времето на изнајмувањето, може да го вратат и да позајмат нешто друго“, вели Торбјонр Лоф, извршен директор на Ikea.

Концептот на изнајмување ќе ги зајакне напорите на Ikea за циркуларна економија, бидејќи мебелот што ќе го вратат купувачите, Ikea ќе го освежи и ќе го препродаде. На тој начин се продолжува животниот век на одредени парчиња мебел.

Ikea планира до 2030 година да ја намали емисијата на штетни гасови за 15% во апсолутен износ, а тоа ќе резултира со намалување на штетните емисии за две третини по поединечен производ.