Би платиле ли над 330 денари за шолја капучино?

100

Во САД денеска се одбележува Националниот ден на кафето, на којшто кафулиња и ресторани продаваат кафе по пониска цела или го даваат целосно бесплатно. Иако многумина не може да си го замислат денот без барем едно вкусно кафе, според податоците на Deutsche Bank, во некое градови во светот треба да се одвои прилично голема сума за тоа уживање.

Според податоците за 2019 година, една шолја капучино во Копенхаген чини 6,30 долари (над 330 денари). Дубаи е на второ место со просечна цена од шест долари за шолја капучино, додека во Хонгконг чини 5,70 евра.

Меѓу градовите каде што шолја капучино е најскапа во светот се и: Париз (5,50 долари), Цирих и Бостон (по 5,20 долари), Њујорк и Хелсинки (пет долари) и Чикаго 4,90 долари.

За разлика од овие “изгор“ цени, кај нас може да се најде шолја капучино не повеќе од два долари.

Фото: Pexels