Библиотека во САД, освен книги, изнајмува вратоврски за интервју за работа

32

ties

Библиотека во Филаделфија, САД, е многу повеќе од место каде што се изнајмуваат книги. Со цел да им помогне на младите луѓе да се подготват за интервју за работа, Paschalville Branch Library изнајмува вратоврски на три недели без никаков трошок, пишува Ecouterre.

Оваа библиотека не е единствената со ваква пракса, бидејќи таканаречена tiebrary има и во Queens Public Library во Њујорк Сити.

Секоја од вратоврските е поставена во пластична проѕирна кутија, па секој кој е заинтересиран може да ја избере онаа што најмногу му одговара.

Од библиотеката не бараат никакви дополнителни трошоци за изнајмување на вратоврските, освен членската картичка.