Биди DELL од хуман проект – реализирана донацијата на купувачите на DELL

45

img_9397

Акцијата Биди DELL (дел) од хуман проект успешно ги обедини купувачите, партнерите и општествено – одговорните залагања на компанијата ИТД Дистрибуција во предновогодишната активност преку којашто од секој купен Dell лаптоп од моделите Inspiron, XPS, Alienware се издвојуваа средства за набавка на новогодишни пакетчиња за деца од ранлива категорија, стои во соопштението.

Обезбедените пакетчиња, што ги надминаа проектираните очекувања, се дистрибуираа вчера (27.12.2017) на преку 200 дечиња од различни ранливи категории преку организацијата Црвен Крст, како и во Заводот за рехабилитација на деца и младинци со интелектуална попреченост.

“Ова е донација на купувачите на DELL лап топи, за чиј одзив сакам од срце да им заблагодарам! Среќата на овие дечиња нема цена, а на нам како компанија и на нашите купувачи ни дава стремеж да работиме за општо добро и во иднина”, истакна Круме Јанковски, генерален директор на ИТД Дистрибуција.

Во серијата на донации и претпразнично дарување, дечињата возвратија со искрени насмевки, радост и надеж за подобрување на состојбите.

Етичноста, грижата за општеството и своите вработени се силна страна на ИТД Дистрибуција. Компанијата преку овој проект заедно со своите најлојални купувачи уште еднаш докажа дека силно одржуваат кауза којашто покрај бизнисот е насочена и кон позитивни општествени промени.