БиХ: На некои летови задолжителни FFP2 маски

22

Меѓународниот аеродром во Сараево ги извести патниците дека на летовите на Austrian Airlines, Lufthansa и Swiss Airlines, задолжително е да се носи заштитна маска FFP2 што ги покрива носот и устата.

Маските на овие летови се задолжителни од вчера, пренесува Кlix.ba.

Како што е наведено, на летовите на Austrian Airlines и Lufthansa, децата до шест години се изземени од обврската, а на летовите на Swiss Airlines, децата на возраст до 12 години.

Австрија и Германија неодамна воведоа задолжително носење на FFP2 маски бидејќи се над 90% ефикасни.

Фото: Pixabay