БиХ: Паметна мултифункционална автобуска станица

74

Фото: Facebook

Архитектот и дизајнер, Бојан Вучен, и професорот на машинскиот факултет во Бања Лука, Петар Гверо, се автори на проектот паметна автобуска станица што има низа предности за подобро искористување на градскиот превоз, пишува Dominfo.ba.

Овие станици сами може да произведуваат електрична енергија од соларни панели, опремени се со сензори за мерење на квалитет на воздухот, концентрација на честички во атмосферата, сензори за температура, релативна влага и индекс на УВ зрачење. Исто така, автобуските станици се опремени со Wi Fi, озвучување и LED осветлување. На екраните, граѓаните добиваат информации за возниот ред на автобусите. Интегрираниот екран на допир им овозможува комуникација на граѓаните со градскиот сервис, а исто така, нуди и соодветен рекламен простор.

На станицата има и простор за оставање велосипед, а имаат и едноставен пристап за лица со инвалидитет.