БиХ: Потрошени 100 милиони евра во ресторани за девет месеци

66

Скоро 100 милиони евра потрошиле жителите на Босна и Херцеговина на храна и пијалаци во ресторани, во текот на деветте месеци од минатата година.

Според податоците, одењето во ресторан во БиХ дневно чини околу 370.000 евра, додека граѓаните и туристите во рестораните месечно “оставаат“ над 11 милиони евра, пишува Klix.ba

Во периодот од јануари до септември лани, во правни субјекти чија основна дејност  подготовка и послужување на храна и пијалаци во БиХ регистрирани се скоро 60 милиони евра без ДДВ.

Фото: Pexels