Bike Computer, прва македонска мобилна DPS апликација за велосипедисти

42

b1

Bike Computer е првата македонска мобилна GPS bike апликација развиена во кујната на Venikom, наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.

Базирана на двегодишно истражување и тестирање, Keep me safe опцијата е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајќи им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот.

Bike Computer е достапна за Android и iPhone, и покрај зголемена сигурност, нуди и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации. Тука се вклучени поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како и сензор за моќност.

„Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да придонесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, ко-основач на Bike Computer.

Bike Computer има длабока интеграција со моментално најпопуларната фитнес апликација Strava, така што вашата активност можете лесно да ја синхронизирате.

Во апликацијата посебно внимание е посветено на потрошувачката на батерија која е доведена до минимум. Резултатите покажуваат дека Bike Computer е за 12% подобар од најдобрите мобилни вело-тракери на пазарот, како Strava, Runkeeper, Endomondo и други.

Processed with VSCO with a5 preset

Поддршка за Bike Computer од десеткратниот шампион на Македонија

Во тестирањето и креирањето на самата апликација од Venikom соработуваа и со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот, Јоже Јованов.

„Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“, вели македонскиот шампион.

Визијата на Venikom, заедно со искуството на Јованов, е да ги направат наредните верзии на Bike Computer беспрекорни и корисни за сите професионални велосипедисти. Наскоро ќе се додаде и live tracking опција, како и можност за тренерите во живо да го следат велосипедистот и сите негови сензори, како и праќање на повратни информации од тренерот назад до велосипедистот.

Огромен предизвик беше потрошувачката на енергија. Во моментот професионалните велосипедски компјутери на пазарот ги купуваат најмногу поради издржливоста на нивната батерија и заради нивната мала тежина. Од друга страна на телефоните имаме подобар дисплеј и доста помоќен процесор, а новите уреди се опремени и со доста напредни сензори за движење. Веником паралелно работи и на соодветна надворешна батерија која ќе допринесе за зголемување на времето на користење на апликацијата на дури 15 часа во активен режим, а притоа максимално внимаваме на тежината на уредот.

Bike Computer е freemium апликација за iOS и Android. Ако се регистрирате во првите 60 дена, опцијата Keep My Safe* ќе биде бесплатна за првата година од користењето. По промотивниот период цената ќе биде 49 долари годишно.

За Bike Computer

Bike Computer се развива од софтверската компанија Venikom, која на македонскиот пазар постои од 1994 година. Експертизата на Venikom со мобилни апликација доаѓа од бројни проекти кои компанијата ги има работено во Македонија и за интернационални брендови како Nike, Heineken, GQ, Glamour, Vogue…

* За да работи безбедносната функција, телефонот треба да биде зацврстен на велосипедот со држач.