Бил Гејтс донира уште 250 милиони долари за вакцина против Ковид

22

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина против коронавирус.

Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата донира вкупно 1,75 милијарди долари за борбата против пандемијата.

“Дали светот ќе стане подобро место за живеење за сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да ги направат тестовите, лековите и вакцините достапни за оние на кои им се потребни“, соопшти фондацијата.

Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во неразвиените земји со средни приходи.

Велика Британија стана првата земја што започна да вакцинира против ковид-19 во вторникот, кога 90-годишнa жeна ја прими вакцината што заеднички ја развија Pfizer и BioNTech.

Канада вчера ја одобри вакцината, а експерти на американската Администрација за храна и лекови денеска ќе разговараат дали да ја препорачаат или не.

Вакцината Pfizer е тешко достапна за сиромашните земји, бидејќи мора да се чува на многу ниски температури.

“Нови лекови и потенцијални вакцини може да се појават на почетокот на следната година. Но, тие ќе спасат животи само ако стигнат таму каде што треба“, истакна Бил Гејтс.

Фото: Freepik