Бил Гејтс и три нафтени гиганти инвестираат во старт-ап што го елиминира CO2 од воздухот

24

Бил Гејтс и три нафтени гиганти Chevron, BHP, и Occidental ја дадоа својата финансиска поддршка за стартапот Carbon Engineering, којшто користи технологија за истиснување на јаглерод диоксидот од воздухот.

Лоциран во Британска Колумбија, Канада Carbon Engineering постои од 2009 година, а негова цел е да ја комерцијализира технологијата на глобално ниво, пишува Tech Startups. Стартапот, чијшто основач е Дејвид Кит, користи врвна технологија за синтетизирање на CO₂ од воздухот во чисти и достапни транспортни горива.

Компанијата го отстранува јаглерод диоксидот од атмосферата од 2015 па наваму, а од пред две години го претвора во гориво. Од самото постоење Carbon Engineering успеа да си обезбеди 82,4 милиони долари преку инвестиции во четири рунди.

Во своето работење стартапот користи процедура позната како Direct Air Capture, при што комбинира гигантски вентилатори и комплексни хемиски процести за истиснување на CO₂ од воздухот.

Фото:Carbon Engineering