Бил Гејтс инвестира 80 милиони долари за изградба на паметен град

20

20258236_10154756882766961_3434466954525858896_n

Фото: Facebook

Инвестициска фирма, чиј сопственик е Бил Гејтс, ќе инвестира 80 милиони долари за изградба на паметен град во Аризона, САД, пишува Popular mechanics.

Земјиштето зафаќа површина од 101,2 километри квадратни, а Гејтс планира градот да се вика Белмонт.

Замислата е Белмонт да биде ултра напредна заедница којашто максимално ќе ги користи сите придобивки на најсовремената технологија. Планирано е да има дигитални мрежи со голема брзина, центри за податоци, нови производни технологии и дистрибуција на нови модели, автономни возила како и автономни логистички центри. Градот ќе биде поврзан со Лас Вегас преку нов автопат наречен I-11.

Од целокупната површина, 15,3 километри квадратни ќе бидат канцеларии, продавници за продажба на мало и комерцијален просторот. Исто така, ќе се изградат јавни училишта на простор 19 километри квадратни, а останатите 323,8 километри квадратни ќе бидат искористени за станбени единици.