Бил Гејтс: Можеби ќе треба да се примат и до три дози вакцини

Oсновачот на Microsoft, Бил Гејтс е убеден дека за имунизација на луѓето ќе биде потребно повеќе од една доза потенцијална вакцина против коронавирус.

“Како што стојат работите ќе биде потребно повеќе од една доза вакцина за имунизација против коронавирус, а на старите лица можеби и три. Засега ниедна од вакцините нема да делува со една доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно“, рече Гејтс за CBS.

На прашањето дали вакцината ќе биде сигурна, тој рече дека Федералната агенција за лекови ќе може да спречи небезбедни вакцини да излезат на пазарот.

Милијардерот и филантроп донираше 300 милиони долари во борбата против Ковид -19.

Неодамна Гејтс, изјави дека лековите и идната вакцина против коронавирус треба да им се даваат најпрво на оние земји и луѓе на кои им е најпотребна, а не на оние кои даваат подобра финансиска понуда.

“Ако ги препуштиме вакцините и лековите на оној што најмногу нуди, наместо на оние на кои им е најпотребно, ќе имаме подолга, неправедна и смртоносна пандемија. Лидерите мора да донесат тешка одлука за дистрибуција базирана на праведност, а не само на пазарните фактори“, рече Гејтс.

Фото: Freepik