Бил Гејтс одговори кои земји први треба да добијат вакцина против корона

418

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, изјави дека лековите и идната вакцина против коронавирус треба да им се даваат најпрво на оние земји и луѓе на кои им е најпотребна, а не на оние кои даваат подобра финансиска понуда, пренесе Reuters.

“Ако ги препуштиме вакцините и лековите на оној што најмногу нуди, наместо на оние на кои им е најпотребно, ќе имаме подолга, неправедена и смртоносна пандемија. Лидерите мора да донесат тешка одлука за дистрибуција базирана на праведност, а не само на пазарните фактори“, рече Гејтс на видео конференцијата организирана од International AIDS Society.

Гејтс додаде дека напорите направени во борбата против СИДА-та може да бидат модел за идна достапност на лекот против ковид-19.

Како што изјави тој, добар пример е глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, кој е основан во 2002 година.

Фото: Pixabay