Бил Гејтс: Стив Џобс секогаш беше “покул” од мене

26

Bill-Gates-Steve-JobsБил Гејтс даде интервју во емисијата Colbert Report, на водителот Стивен Колберт, во кое призна дека никогаш не бил “кул” како Стив Џобс.

Во интервјуто, Колберт му рече на Гејтс: “Луѓето велат дека Стив Џобс беше кул тип, баш кул тип. Вие го спасувавте светот, но сепак немате кул фактор, без навреда, го немате тој фактор. Дали некогаш ви пречи тоа што вие го спасувавте светот, а луѓето него го паметат како кул тип?”

На ова Гејтс одговара: “Тој секогаш беше покул од мене. Беше брилијантен. Имаше свој пристап, а мојот беше малку повеќе geek (“бубалица”) од неговиот”.

Гејтс се уште е претседател на Мајкрософт, но во 2008 година отстапи од местото извршен директор. Во интервјуто призна дека понекогаш му недостигаат старите денови во Мајкрософт. Сепак, градењето на најмоќната софтверска компанија во светот е доволно кул за него, пишува Business Insider.