На билборд во Лондон, виртуелно момче со прстот ги покажува вистинските летови на British Airways кога ќе поминат над рекламата. На билбордот се покажува бројот на летот на авионот и дестинацијата.
“Сите барем еднаш кога сме виделе авион во лет сме се запрашале каде лета и сме сонувале за прекрасен одмор или топла дестинација. Паметната технологија ни овозможува да им одговориме на луѓето на ова прашање. Се надеваме дека ова ќе ги потсети луѓето колку е неверојатно летањето и колку достапен може да биде светот”, вели Абигејл Комбер, шеф на маркетинг во British Airways во соопштението за јавност.