Билборд ги уништува комарците што го предизвикуваат вирусот Зика

90

zika-billboard-hed-2016

Маркетинг агенцијата NBS and OOH од Бразил на креативен начин се вклучуваат во борбата против комарците што го предизвикуваат вирусот Зика, пишува Adweek.

Тие создадоа билборд во којшто се вградени панели што ги привлекуваат и ги уништуваат комарците. Поставените панели на билбордот ослободуваат млечна киселина, што потсетува на човечка пот, како и јаглерод диоксид, што е копија на здивот. Комбинацијата на овие супстанци ги привлекува комарците на растојание од околу два километри.

Технологијата што ја користи овој билборд е достапна бесплатно преку mosquitokillerbillboard.com. Тоа значи дека сите што се сакаат можат да ја искористат за да направат вакви панели што ги уништуваат комарците, со што ќе се придонесе за намалување на бројот на заразени.