Билборд излепен со зајачка кожа – реклама за пица со зајачко месо

106

zajak reklama

Hell Pizza во Нов Зеланд привлече огромно внимание со новиот билборд кој рекламира пица со зајачко месо. Билбордот е излепен со стотици зајачки кожи.

“Колку и да се симпатични, зајаците, за жал, се големи штетници за животната средина во Нов Зеланд, особено на јужниот остров. За оние што се загрижени, кожите ги набавивме од компанија специјализирана за штавење на кожи, која истите ги добива од локални компании за преработка на месо, на кои кожите им се нус производ”, стои на Facebook страната на пицеријата.

Нов Зеланд има проблем со многубројните зајаци, кои ги уништуваат посевите и екосистемот.