Билет за ова патување чини најмалку 16.000 евра, а се резервира една година однапред

98

Започна резервирањето на карти за 2021 година за возење со легендарниот воз Ориент Експрес од Париз до Истанбул. За едно од најлуксузните патувања во светот, кревет се резервира најмалку една година однапред.

Патувањето од Париз до Истанбул трае шест дена. Возењето со легендарниот воз е доживување кое не се заборава до крајот на животот, бидејќи во овој воз сè е совршено, а најмногу услугата.

Поаѓањето е предвидено за 20 август, а се поминува низ Франција, Швајцарија, Австрија, Унгарија, Романија и Бугарија, за на крајот да стигне во Турција.

Услугата во возот е на принцип all inclusive, а тоа не значи само три оброка и ужина, туку и коктели покрај клавир во вечерните часови. Секоја кабина има свој личен батлер.

Патувањето во најевтината кабина чини 16.700 евра. Меѓутоа оние кои поаѓаат на меден месец треба да одберат апартман кој чини 61.500 евра.

Фото: Belmond