Bionic bird – дрон во форма на птица што се управува преку телефон

34

bionic bird

Bionic bird е мал дрон во форма на птица, што лесно се управува преку посебна апликација за мобилните телефони. Може да достигне висина и до 100 метри оддалеченост од паметниот телефон со кој е поврзан преку Bluetooth.

Овој уред ги прави истите движења како и останатите птици со што станува уверлив кога лета на небото. Енергијата ја добива од полнач во форма на јајце. За само 12 минути полнење може да помине 10 минути во воздух.

bionic b

Дронот е модернизирана верзија на малите механички птици што веќе постојат со децении, но креаторите на Bionic bird имаат големи планови за својот изум. Додека првичната верзија може да се контролира со апликација, идната верзија ќе има поголеми можности и ќе може да лета уште попрецизно. Се очекува механичката птица да добие и вградена HD камера со што ќе прерасне во таканаречен шпионски дрон што лесно ќе се движи и ќе забележува се.

bionic bird colibri

За реализација на поставените цели тимот креатори на Bionic bird го претставија својот изум на глобалната платформа Indiegogo со цел да соберат доволно финансиски средства. Иако планирале да соберат 25.000 долари, досега инвеститорите ја надминале таа вредност за 346%.