BioNTech со седумпати поголема загуба од лани поради развој на вакцината

21

Германската биотехнолошка компанија, BioNTech, третото тримесечје од оваа година го заврши со загуба поради високите трошоци за истражување и развој насочени он новата вакцина против коронавирусот.

Во период од јули до септември, нето загубата на германската компанија беше 210 милиони евра, седумпати повеќе во однос на истиот период лани.

Во деветте месеци од оваа година, нето загубата на компанијата беше 351,7 милиони евра и е скоро трипати поголема во споредба со истиот период во 2019 година.

“Растот е резултат на високите трошоци за развој на програма BNT162, што е наша програма за развој на вакцина против ковид-19“, соопштуваат од компанијата.

Во третото тримесечје, трошоците за развој достигнаа 227,7 милиони евра и се четирипати поголеми од истиот период лани.

Од друга страна, вкупните приходи се повеќе од двојно зголемени благодарение на договорот за соработка со американски Pfizer за развој на вакцина.

Фото: Twitter