BioNTech заработи 10 милијарди евра за една година

57

Германскиот фармацевтски концерн BioNTech, кој ја произведе вакцината против коронавирусот, минатата година оствари нето профит, односно чиста заработка од околу 10,3 милијарди евра.
Прометот беше околу 19 милијарди евра, соопшти компанијата.

BioNTech наведува дека за тековната година прогнозата на прометот од вакцините против коронавирус е од 13 до 17 милијарди евра.

Компанијата сега планира да започне програма за откуп на акции вредна до 1 милијарда долари во следните две години и да плати  дивиденда од две евра по акција.