Фото: Aqua Vida
Aqua Vida компанија од Филаделфија, Пенсилванија креираше биоразградливи хеланки кои што се изработени од специјален конец наречен Amni Soul Eco, пишува Philly mag.
Научниците од Solvay кои стојат зад неговиот дизајн велат дека овој конец е “паметен“, односно дека не само што се разградува туку има и антибактериско дејство и UV заштита.
Специјалниот конец ќе почне да се распаѓа кога дојде во контакт со бактерии од депонии. За целосно да се распаднат хеланките ќе бидат потребни три години.