Бирол: ИЕА одлучи да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од резервите

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА)  едногласно одлучи да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од резервите на пазарот со цел да се намалат последиците од глобалните прекини во снабдувањето со енергија поради војната на Блискиот Исток, изјави директорот на таа организација, Фатих Бирол.

Ова е најголемата координирана интервенција на пазарот на нафта во историјата на организацијата, истакна Бирол во видео порака објавена на веб-страницата на ИЕА.

Тој додаде дека точниот распоред за ослободување на нафта од резервите ќе биде утврден подоцна.