Бислимоски: Нема да има промена на цената на струјата

32

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, изјави дека и покрај зголемувањето кај соседите, во Македонија нема да има промени на цената на струјата, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до РКЕ дека ги зголемиле трошоците.

“Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9% што значи дека генерално и регионалните енергетски компании се соочуваат со тешка година на намалени приходи, а зголемени расходи“, изјавил Бислимоски за МИА.

Од први февруари цената на електричната енергија во Србија е повисока за 7,9%, што е за 7% пониска отколку во Македонија, 18% пониска отколку во БиХ, 24% од Албанија, 35,8% отколку во Бугарија, 79,97% пониска отколку во Хрватска, 85% од Романија и 125% пониска отколку во Словенија.

Фото: Freepik