
Најголемите американски банки подготвуваат нов, силен одговор во нивните напори да го одбранат својот терен од групата Big Tech, технолошките гиганти кои сè повеќе навлегуваат на финансискиот пазар.
JPMorgan Chase, Bank of America, Wells Fargo и други планираат следната година да ја лансираат услугата „Paze“: мобилен паричник кој директно ќе се поврзе со сметките на кредитни и дебитни картички на 150 милиони клиенти. Со апликацијата ќе управува Early Warning Services, групацијата на банкарски конзорциум што веќе ја води апликацијата за плаќање Zella.
“Paze” е најновиот знак дека големите банки ја препознаваат потребата за партнерства – без разлика дали работат заедно или дури и во соработка со технолошки фирми – како најдобар начин да се запре напредокот на Apple, Google и, од неодамна, X на Илон Маск ( до неодамна Twitter), кој има за цел да понуди банкарски услуги на милиони свои корисници.











