Биткоинка – прва крава во Црна Гора платена со биткоини

58

Во Црна Гора е продадена првата крава што е платена со биткоини, објави црногорскиот портал Seljak.me. Порталот наведува дека поради валутата во којашто е платена, кравата го добила името Биткоинка, а е продадена за околу 0,03 биткоини или околу 1.350 евра.

Порталот што функционира како земјоделска задруга пишува дека потенцијалот на биткоинот допрва ќе се шири и дека трансакцијата е успешно реализирана благодарение на агент за криптовалути.

“Во договор со колегата Марко, кравата е платена со биткоини. Кога му реков дека моите родители планираат да купат крава ми предложи да направам нешто иновативно и тоа да биде прва крава платена со криптовалути во Црна Гора, а може и пошироко. Како млада личност која е активно вклучена во земјоделие дел преку семејно производство, а дел и преку сегашната работа, смета дека иднината на земјоделието лежи во здравиот спој со технологијата, а само модернизирано земјоделие ги зголемува шансите младите да се охрабрат“, вели Ангела Бојиќ, која сега е сопственичка на Биткоинка.

Фото: Pexels