Биткоинот бележи пад: Вкупна загуба на вредноста од околу 3,6 отсто

32

Пазарот на криптовалути изгуби 3,6 отсто од вкупната вредност во последните 24 часа, според веб-страницата Коингеко (сега вреди околу 2,62 трилиони долари).

Загуба во истиот временски период забележа и биткоинот, околу 2,3 отсто, а утрово се тргува по цена од 59.321 долари.

Етереумот изгуби дури 4,3 отсто во изминатите 24 часа и моментално се проценува на околу 4.039 долари.