Биткоинот достигна вредност од 99.000 долари

82

Биткоинот ја проби границата од 98.000 долари во четвртокот, поставувајќи нов рекорд, додека инвеститорите продолжуваат да ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, обложувајќи се дека тоа ќе донесе добар период за индустријата за криптовалути. Утрово се тргува по цена од 99.022 долари според податоците на Коиндеск.

Најпопуларната криптовалута во светот се зголеми за уште четири отсто на 98.342 долари, објави Блумберг.

Цената на биткоинот порасна за 40 отсто од изборите на 5 ноември, соборувајќи низа нови рекорди, пишува Financial Times.

За време на неговата кампања, Трамп гласно промовираше криптовалути, ветувајќи дека ќе ја направи Америка „биткоин суперсила на светот“ и ќе создаде „стратешка резерва“ на токенот.

Неговата реторика ги возбуди инвеститорите кои се обложуваат на прилив на институционален капитал во секторот на криптовалути.

Биткоинот надмина 94.000 долари претходно оваа недела по извештаите дека компанијата на новоизбраниот американски претседател, Trump Media and Technology Group, преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakkt. Оваа вест дополнително ги поттикна очекувањата за пријателскиот однос на идната администрација на Трамп кон криптовалутите.