Биткоинот ќе достигне вредност од над 146.000 долари?

178

Биткоинот има долгорочен потенцијал за огромен раст бидејќи се натпреварува со златото, анализираат експертите на JP Morgan Chase.

Тие имаат прилично храбра цена за биткоинот, тврдејќи дека најважната крипто валута во светот би можела да достигна вредност од 146.000 долари, бидејќи се натпреварува со златото како “алтернативна“ валута, пренесува Seebiz.

Пазарната капитализација на биткоинот – пресметана со множење на цените во вкупиот број на валути во оптек, во овој момент изнесува над 575 милијарди долари.

За да може пазарната вредност на биткоинот да го достигне тоа нив, неговата волатилност би требало да се намали за да може да се стекне довербата во институционалните инвеститори.

Биткоинот за 24 часа порасна за 1%, достигнувајќи 31.720 долари.

Фото: Freepik