Биткоинот на чекор до априлскиот рекорд

32

Пазарот на криптовалути порасна за плус 1,7 проценти во последните 24 часа. Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, порасна за 2,9 проценти во изминатите 24 часа и  утрово е проценет на 64.072 долари.

Етереумот се зголеми за 1,4 проценти во последните 24 часа и се тргува по 3.864 долари, според податоците на веб -страницата Коингеко.

Започна тргувањето со фјучерси на биткоин

Првото тргување со берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше направено на Волстрит, што им даде на инвеститорите во криптовалути конечно она што го бараа, пренесува американската ТВ -станица Си -Ен -Ен.

Стратегијата ProShares Bitcoin ETF (ProShares Bitcoin Strategy) започна со тргување по 40 долари по акција во вторникот, под ознаката BITO и го заврши денот со раст од 5,0 проценти.