Биткоинот надминува 71.500 долари

18

Вредноста на водечките криптовалути во светот се зголеми во понеделникот, бидејќи биткоинот (BTC) достигна ново највисоко ниво на сите времиња, надминувајќи 71.000 долари.

Во меѓувреме, ethereum (ETH) повторно се приближува до 4.000 долари, ниво што го става приближно 23 проценти од неговиот историски максимум, според Coinprice.

Биткоинот утринава по средноевропско време поскапе уште три отсто, достигнувајќи повеќе од 71.500 долари, додека ЕТХ порасна за 2,74 отсто, достигнувајќи 3.987 долари во исто време.