Биткоинот се “лизна“ под 60.000 долари

22

Биткоинот утрово достигна вредност под 60.000 долари, по новото рекордно ниво што е регистрирано во текот на викендот, бидејќи фокусот на инвеститорите беше кон инфлација и американскиот пакет за стимулирање на потрошувачката.

Најпознатата светска криптовалута сега вреди околу 58.956,60 долари на отворање на тргувањето во Азија, откако претходно имаше рекордна вредност од 61.781,83 долари.

Биткоинот од почетокот на годината ја зголеми својата вредност повеќе од двојно, а во споредба со минатата година, цената му е четири пати повисока.

Фото: Pexels