Биткоинот се „стопи“ – падна на најниско ниво во последните 18 месеци

113

Биткоинот денеска падна на најниско ниво во последните 18 месеци, поттикнат од загрижувачките податоци за инфлацијата во Соединетите држави кои предизвикаа аверзија кај инвеститорите кон инвестирање во ризични средства.

Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација падна за цели 7,7отсто на 25.344 долари, што е најниско ниво од декември 2020 година.

Некои аналитичари проценуваат дека биткоинот може да падне под 15.000 долари, па дури и до едноцифрена сума во илјадници долари поради општото макро опкружување и нивото на страв што го зафати пазарот, пренесува  Блумберг.