Биткоинот секој ден растеше за 1.000 долари – сега достигна и нов рекорд

93

Вредноста на биткоинот на почетокот на новата година надмина 30.000 долари. Откако преку ноќ достигна врв од 29.700 долари, крипто валутата не покажа знаци на слабост, па ја проби границата од 30.000 долари

За само две недели биткоинот сруши две граници – првата од 20.000 долари и втората од 30.000 долари.

Минатата година ја заврши пробивајќи ја “магичната“ граница од 20.000 долари на 16-ти декември. За католичкиот Божик вредноста се позиционираше на 25.000 долари, но тука не запре. Со мали осцилации продолжи да расте цената, па растеше за околу 1.000 долари дневно.

Фото: Freepik