Биткоинот со голем пад по воведувањето во платниот промет на Ел Салвадор

86

Цената на биткоинот драстично се намали во вторникот кога Ел Салвадор ја усвои најголемата криптовалута според пазарната капитализација како легално средство за плаќање.

Биткоинот падна дури за 16 проценти во утринското тргување, падна под нивото од 43.000 долари, по што малку го намали “минусот“ на околу 9,5 проценти во текот на денот и се тргува на 46.892,04 долари, според податоците од платформата CoinMetrix.

Етереум “потона“ за 12 проценти на 3.441,21 долари, пренесе CNBC. На трговските платформи Микростратеџи и Коинбеис, исто така, беше регистриран пад на цената од околу 9,0 и 4,0 проценти, соодветно.

Корисниците на Коинбеис во вторникот наутро доживеаја одложување или откажување на трансакциите во “поголема мерка“, објави компанијата на Твитер, додавајќи дека овие проблеми се решени до попладне.

Корисниците на крипто-берзите Кракен и Гемини имаа слични проблеми. Ел Салвадор привремено ја оневозможи употребата на државната апликација за дигитален паричник “Чиво“ на денот кога го претстави биткоинот како официјално средство за плаќање, со цел да се зголеми капацитетот на серверот, што спречи нови корисници да го инсталираат, објави претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, во твит.

“На било кој податок, кој корисниците ќе се обидат да го внесат во моментов, системот ќе одговори со пораката “ерор“, рече тој.