Биткоинот во црвено – ќе продолжи ли падот на вредноста?

87

Пазарот на криптовалути изгуби 3 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа, а пазарната капитализација падна на 2,11 трилиони долари.

Според веб-страницата CoinGecko, утрово со биткоин се тргува по цена од 41.660 долари, што значи дека неговата вредност е намалена за 3% во однос на вчера.

Етереумот изгуби 3,8 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа и моментално се проценува на 3.150 долари.