Битолското чупе меѓу 25-те најдобри кампањи на регионалниот рекламен фестивал BalCannes во Ровињ

321

bitolskoto cupe

Кампањата за наградната игра на Битолското трајно млеко со 10 витамини, Битолското чупе на пат околу светот е единствената кампања од Македонија којашто влезе меѓу 25-те најдобри на престижниот регионален фестивал BalCannes и тоа во силна конкуренција на одлични проекти од целиот регион, стои во соопштението.

“Битолското чупе на пат око светот е возбудливо патување од серијалот Авантурите на Битолското чупе во коешто децата имаа можност да уживаат на оригинален и креативен начин, преку забава и учење. Многу ми е драго што добрата идеа беше препознаена од страна на жирито и што нашиот успешен проект се најде меѓу најдобрите во регионот“, изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Наградната игра за којашто беше креирана кампањата на почетокот на годината, забележа неверојатен успех ширум земјава, со продадени вкупно 55.000 албуми, а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

Кампањата беше осмислена и реализирана од агенцијата Меккен Скопје и е уште еден пример дека добриот проект не мора да биде голем или скап, туку е синергија на брендот којшто има што да каже и добра идеја која вреди да се оживее.

Фестивалот BalCannes, којшто се одржува веќе пет години по ред во рамките на Weekend Media Фестивалот, оваа година беше посетен од рекорден број на 57 агенции од регионот на Југоисточна Европа.