Бизнис ангелите ќе инвестираат 50 милијарди долари во следните неколку години

1

biznis-angel

Бизнис ангелите или ангели инвеститори (Angel investors), група од богати индивидуалци кои нудат финансиска поддршка на мали и средни компании, се очекува да инвестираат околу 50 милијарди долари во следните неколку години, пишува Хуријет.

Минатата година, 320.000 бизнис ангели инвестирале 6,7 милијарди евра (7,1 милијарди долари) во Европа и 26 милијарди долари во САД.

“Се очекува овој износ да надмине 50 милијарди долари во следните години“, изјави Бајбарс Алтунташ, претседател на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (World business angels investment forum).

На овој форум, што се одржа во Истанбул, учествуваа над 400 ангели инвеститори, мрежа на менаџери на бизнис ангели, академици, бизнисмени, претседатели на интернационални асоцијации и претставници од берзи од 54 земји од светот.