Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од Данска

42

Ставовите и вредностите претставуваат основа на секоја деловна култура. Доколку работата налага да запознавате и да соработувате со клиенти или соработници од други земји, важно е да ја запознаете нивната бизнис култура.

Данците важат за неформални луѓе, а нивната култура важи за една од најнеформалните во светот. Жителите на оваа скандинавска земја не претпочитуваат хиерархија, па затоа сите вработени уживаат во еднаков третман. Многу често се случува одговорните лица да инсистираат на тоа да бидат дел од тимот и да бидат еднакви во комуникацијата со другите. Сакаат да бидат независни и чесни, па и деловните средби поминуваат во таков дух.

Сакаат да бидат точни и прецизни, па тоа го бараат и од своите колеги и соработници. Внимаваат на секој детаљ и сметаат дека секоја минута помината на работа треба да се искористи продуктивно и ефикасно. Затоа сакаат кога бизнис партнерите доаѓаат на време на закажаните состаноци.

Бидејќи важат за лежерни и опуштени во деловниот свет, тоа може да се рефлектира и во начинот на облекување за време на состаноците. Не се исклучува формалниот дрес код, но лежениот начин на облекување е присутен особено доколку веќе се познаваат соработниците.

Доколку крајот на состанокот донесе потпишување на договор, почеток на соработка, заеднички проект и слично, тогаш може да дадете и да примите некој симболичен подарок во таа чест. Ако подарите и добиете нешто за возврат, тогаш треба да го отворите пред сите.

Фото: Pixabay