Бизнис Инфо се приклучува во тимот на Златно Тркало

124

Бизнис Инфо мк. се приклучуваа од оваа година во тимот на Златно Тркало, кој е основан од најстариот македонски автомобилски медиум Авто Плус.

Златно Тркало е нов уникатен начин да се најде најпосакуваниот автомобил во нашата земја.

Златно Тркало ги презентира новитетите пред сите кои имаат пристап на интернет и социјалните мрежи, со цел да формираат резултати според кои ќе се пронајде најпосакуваниот автомобил во Македонија.

Минатиот месец по трет пат се одржа церемонијата за доделување на наградите Златно Тркало за 2022 година. Љубителите на автомобили во Македонија со своите гласови веќе трета година по ред го издвојуваат најпосакуваното во автомобилската индустрија, притоа препознавајќи го најдоброто помеѓу достапните нови автомобилски модели во земјата, иако индустријата е оптеретена со недостаток на возила за продажба, како резултат на глобалната криза.