Редакцијата на магазинот InStore – Македонија денеска во Скопје организира интерактивна Talk IN Business конференција на тема Слатка програма.
Слатка програма е првата од 10-те планирани конференции во рамки на регионалниот проект Talk IN Business. На конференцијата ќе учествуваат најголемите кондиторски производители од Македонија, дистрибутери на производи од слатка програма и најголемите супермаркети.
На Talk IN Business тие ќе имаат можност да дискутираат за потрошувачките навики, позицијата на брендовите и за основните трендови на секоја категорија, како и за интегрирано медиумско планирање на кампањи.
Интерактивните Talk IN Business конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Ќе бидат презентирани информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.