Бизнис контактите основа за зголемена трговска размена со Австрија

45

Бизнис контактие се основа за зголемена трговска размена со Австрија, при што македонскиот извоз бележи раст од 15%, информираат до Стопанската комора на Македонија.

“Одличната комуникација и соработка која успеавме да ја одржиме со Стопанската комора на Австрија особено оваа година, се должи на иницијативите и упорноста на нашиот ценет и драг партнер господин Герхард Шлатл, трговско аташе при Стопанската комора на Австрија во Скопје. Неговите идеи и настојувања за поинтензивна соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Австриската стопанска комора ќе резултираат  со дури пет бизнис настани кои  ќе се реализираат оваа година. Успешно беа реализирани три бизнис форуми на македонски и австриски компании, од кои два форума беа одржани во Скопје, а третиот форум се одржа во Виена“, рече Наташа Димоска Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија на редовната прес-конференција на тема: “Бизнис контактите – основа за зголемена трговска размена со Австрија“.

Првиот форум, како што нагласи таа, е на тема: “Градежништво и инфраструктура“ и ќе се одржи на петти ноември 2014 година во Скопје во Стопанската комора на Македонија, додека вториот форум, во повеќе области и тоа: прехранбената индустрија и производството на храна, дистрибуција, опрема и машини за производство на прехранбени производи, транспорт и логистика, ќе се одржи на шести и семи ноември 2014 година во Стопанската комора на Австрија во Виена.

Овие деловни средби како и претходните средби на австриските бизнисмени во Република Македонија, е одговор на интересот за соработката што бизнисмените од двете страни ја иницираат, а стопанските комори го поддржуваат тоа и заеднички продолжуваат да ги реализираат.