Бизнис принципи врз кои се темели успехот на Нестле

123

all_products

Nescafé, Nesquik, KitKat, Maggi, Nestea, Cerelac и уште многу други производи се само мал дел од вкусниот и квалитетен асортиман на компанијата која е број еден во светот кога станува збор за прехрамбени производи – Nestlé.

Уште од самиот почеток кога Хенри Нестле го лансираше првиот производ, бебешка храна под името Farine Lactée, компанијата се гради врз цврсто втемелени бизнис принципи кои како такви го гарантираат успехот.

За Нестле да стане она што е денес, со години се води од начелото дека треба да се одговори на сите правни елементи, да се одржи квантитетот и квалитетот на сите активности, при тоа создавајќи значајна општествена вредност.

Компанијата е формирана во далечната 1905 преку спојување на англо – швјацарска млечна компанија, основана во 1866 од браќата Џорџ Чарлс Пејџ и компанијата Farine Lactée Henri Nestlé, основана истата година од Хенри Нестле.

Nestle-1930-40-600 (1)

Денес Нестле има 450 фабрики, присутна е во 86 земји со околу 328.000 вработени.

Годишно компанијата остварува пазарна капитализација од приближно 191 милијарди швајцарски франци, или повеќе од 200 милијарди долари.

Нестле до ден денес ги следи и продолжува да се води од воспоставените бизнис принципи земајќи ги во предвид локалното законодавство, културните и религиозни практики:

article-2280904-0308514E0000044D-113_634x370

Исхрана и здравје

Главната цел на компанијата е постојано да го подобрува квалитетот на животот на потрошувачите насекаде, нудејќи им здрава и вкусна храна и пијалоци, при тоа стремејќи се кон здрав живот.

Обезбедување на квалитет и безбедност на производите

Секаде во светот името Нестле е препознатливо и доволно за потрошувачот да знае дека станува збор за квалитетен и безбеден производ.

Kohler-Chocolate-and-Nestle-Chocolate-Ads

Комуникација со потрошувачите

Нестле ја почитува приватноста на клиентите и настојува да обезбеди одговорна комуникација преку која тие секогаш се информирани што е добро за нив и нивното здравје

Почитување на човековите права во деловните активности

Компанијата во целост ги поддржува принципите за човекови права на United Nations Global Compact (UNGC) и настојува да обезбеди добар пример за истите низ нивните деловни активности.

Лидерство и лична одговорност

Успехот на Нестле во голема мера се темели на луѓето кои работат во компанијата. Меѓусебната почит е на високо ниво и секој доследно се води од личната одговорност. Во компанијата работат способни луѓе кои ги почитуваат воспоставените начела и вредности. Секој вработен е еднаков и не се толерира никаква дискриминација.

nestle_empresa

Безбедност при работа

Компанијата е посветена на безбедноста на своите вработени и сите инволвирани во Нестле. Превенцијата од несреќи, повреди, болести и се што може да се случи на работното место, е на највисоко ниво.

Фер односи со снабдувачите и клиентите

Односот со снабдувачите, агентите , подизведувачите и нивните вработени во Нестле се темели на меѓусебна искреност, интегритет и почитување на стандардите.

nestle1a_03

Здрава животна средина

Уште еден многу важен бизнис принцип е водењето грижа за животната средина. Тоа значи дека низ целиот производствен процес компанијата ефикасно ги користи природните ресурси и се стреми кон минимализирање на отпадот.